Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ Скопје во периодот од 1.4.-31.8.2024 година го спроведе проектот „Акција за спречување на изборна корупција кон студентите“. Целта на акцијата беше да се преземат итни, вклучувајќи и влијателни акции за актуелните потреби и предизвици поврзани со корупцијата особено на спречување на корупцијата кон студентите во предизборниот период. Проектот се реализираше во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК) финансирана од Владата на Соединетите Американски Држави преку Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД.3.
На оваа ресурсна страница може да ги преземете Извештајот за процена на состојба за отпорност од изборна корупција помеѓу студентската популација и Водичот за спречување изборна корупција. Двата документи се достапни на македонски и албански јазик.
Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации.